а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

кисел

киселиот
Вид збор: Придавка
Ранг: 7319
1. Што има вкус на лимон, оцет и сл.
Англиски: sour Албански: i tharbët
Употреба: Гастрономија
Примери:
кисело овошје
кисели сливи
2. Што по вештачки пат (ферментација, конзервирање, киселење) добил таков вкус.
Англиски: pickled Албански: i tharbët
Употреба: Гастрономија
Примери:
кисела зелка
кисело вино
кисели краставици
кисело млеко
3. Што има остар, непријатен мирис.
Англиски: foul Албански: i tharbët
Примери:
Киселата миризба од комињето се чувствува на улицата.
Ме заплиснуваше кисел здив од вино.
4. Што е во лошо расположение, нерасположен, невесел.
Албански: i tharbët
Употреба: Преносно значење
Примери:
Беше висок, слаб човек со кисел нарав.
Кисела насмевка.
Кисела гримаса.
5. За минерална вода - што содржи јаглеродна киселина.
Англиски: acidic Албански: i tahrbët, me gaz
Употреба: Геологија
Примери:
Кисела вода.
6. За почва, карпи - што содржи неврзани силициумови киселини.
Англиски: sour Албански: i tharbët, acide
Употреба: Земјоделство
Примери:
Според изразената киселост постојат кисели, неутрални и алкални почви.
7. За дожд што содржи киселина како резултат на загаденоста на воздухот.
Англиски: sour Албански: i tharbët, acidik
Употреба: Екологија
Примери:
кисел дожд
Изрази
кисело - весело
Изведенки
кисело прил.
тажно, нерасположено
Пример: Кисело го погледна.