а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

кисне

киснат; кисни, киснете; киснев, киснеа; киснел; киcнет; киснејќи; киснав, киснаа; киснал; киснат
Вид збор: Глагол, несвршен
Ранг: 12035
1. Станува кисел.
Англиски: ferment Албански: thartoj
Примери:
Млекото кисне на топло.
2. нараснува, преврива, скиснува
Англиски: ferment Албански: tharb
Примери:
Го замеси тестото и го остави да кисне.
3. Натопува нешто во течност подолго време.
Англиски: soak Албански: zhyt
Примери:
Ги киснеше крпите во водата и му ги ставаше на челото.
Алиштата киснеа во млака вода.
4. Изложен е на дожд, снег; станува мокар.
Англиски: soak Албански: zhyt
Примери:
Во дворот на дождот киснеше масата за пинг-понг.
5. Престојува некаде подолго време без работа.
Англиски: waste time Албански: ngec
Употреба: Преносно значење , Разговорно
Примери:
Овие наши калфи по цел ден кај тебе киснат, наместо работа да гледаат на дуќан.
Тој се зачуди колку многу народ киснеше по крчмите.
6. Се кисне, стои подолго време во вода.
Англиски: soak Албански: zhyt
Примери:
Сноповите врбови прачки се киснеа во јазот.
По цел ден во вода се киснам.
Изведенки
киснење ср.
глаг. им.