китка
мн. китки
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 3821
1.
Неколку стракови цвеќе заедно.
Англиски:
bouquet
Албански:
tufë lulesh, buket
Секој ден се враќаше од полето со китки мирисни синолички.
Слично со:
букет (м.)
2.
Сноп од растенија или зачини врзани заедно.
Примери:
китка магдонос
китка праз
китка планински чај
Слично со:
сноп (м.)
3.
Сноп од гајтани, памучни, волнени или свилени конци врзани на едниот крај што служат како украс на капа, марама, облека и др.
Англиски:
lacing
Албански:
kurdel, gajtan
Носеше фес со китка.
Нивните коњи беа украсени со китки по уздите.
4.
Дел од раката од основата на прстите до зглобот или самиот зглоб.
Примери:
На долгите прсти блескаа златни прстени, а на китките исти такви гривни.
Грубо и ја свитка китката од раката.
5.
Шумичка во поле, осамени дрвја на возвишение; место што личи на китка.
Слично со:
шумичка (ж.)
8.
(само мн.) сипаница
Слично со:
сипаница (ж.)
Изведенки
китче ср.
мн. китчиња
дем.
мн. китчиња
дем.