класа
мн. класи
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 3405
1.
Слој луѓе што имаат иста положба во системот на општественото производство и иcти економски интереси.
Примери:
општествена класа
работничка класа
феудална класа
граѓанска клаcа
владејачка класа
Градот е убав за богатите, а прифатлив за средната класа.
Слично со:
слој (м.)
2.
Поими, предмети, појави коишто според својата структура или по некоја своја особина претставуваат посебен вид, посебна група.
Примери:
Семантичкиот критериум е важен само за поделбата на две класи именки обележани како „живо“ и „не-живо“.
Слично со:
група (ж.)
3.
Единица во класификација на растенија и животни (потесна од коло или тип, а поширока од ред).
Примери:
Класата инсекти се дели на редови.
4.
Одреден степен на вредност.
Англиски:
category
Албански:
kategori, klasë
Тие произведуваат тутун од прва класа.
Слично со:
категорија (ж.)
5.
Степен на напредување во службата.
Примери:
Најмногу новини, сепак доживуваат оние чиновници од најдолните класи.
6.
Како дел од називи за одделни чинови во војска за определување на старешинскиот степен.
Примери:
На железничката станица тие го испраќаа капетанот од прва класа.
Слично со:
чин (м.)
7.
Поделба на местата за патници во некои превозни средства, во зависност од удобноста, комфорноста што ја нудат.
Примери:
Тој секогаш патува со прва класа.
туристичка класа
8.
Група ученици или студенти, што се школуваат кај еден предавач, професор по уметност (глума, музика, сликарство).
Примери:
Тој се школуваше во класата на најстариот професор.
9.
Генерација на ученици од исто училиште; група воени обврзници што служат војска во ист период.
Примери:
Оваа година излезе првата класа на воени питомци.
Тој замина во војска со јануарската класа.
Слично со:
генерација (ж.)