а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

клупа

мн. клупи
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 1380
1. Дрвен или метален предмет за седење, за повеќе лица, со или без потпирач.
Англиски: bench Албански: bankë
Примери:
По кејот на реката имаше клупи во сенките на дрвјата.
До него на клупата седна еден старец.
2. Предмет за седење, обично за двајца, со потпирач и cо преден дел што служи како маса за пишување.
Англиски: desk Албански: bankë
Употреба: Образование
Примери:
Училишна клупа.
Школска клупа.
Изрази
Магарешка клупа - изделена клупа во училница во која за казна седат немирни ученици.
Седне на обвинителна клупа - е обвинет.
Од ученичка (школска, гимназиска, студентска) клупа - од време на школувањето.
Изведенки
клупичка ж.
мн. клупички
дем.