а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

ковчег

мн. ковчези
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 2079
1. Дрвен сандак со капак во кој се чува облека, различни cкапоценоcти и сл.
Англиски: chest Албански: arkë, sandëk
Примери:
Во дното на собичката, стоеше нејзиниот невестински ковчег.
2. Патна торба, куфер.
Англиски: suitcase Албански: valixhe
Примери:
Кондуктерот ги сметна големите ковчези заклучени со тешки катинари.
3. Дрвен сандак за погребување на умрени.
Англиски: coffin Албански: arkivol, tabut
Примери:
Мртовечки ковчег.
Изрази
Ноев ковчег - според Библијата - кораб со кој Ное со своето семејство и животните cе спасил од светскиот потоп.
Изведенки
ковчеже ср.
мн. ковчежиња
дем.