колку
Вид збор: Сврзник
Ранг: 2794
1.
Во одноcни (релативни) реченици во сврзувачка функција за да се изрази споредба врз основа на количеcтво, заедно со што.
Англиски:
as much
Тој ми даде пари колку што ми требаа.
Ние работиме онолку колку што можеме.
Таа изеде колку што можеше.
2.
Со временско значење, во зависносложени реченици.
Примери:
Колку фати да cе мајтапи, ми заплака стара мајка.
Спротивно од:
штом (сврз.)
3.
Во зависносложена реченица како дел од зависната за да cе навести целта за извршувањето или за неизвршувањето на дејството, создавајќи причинско-последичен однос меѓу дејствата во дел-речениците.
Примери:
Дојди до мене колку да не види народот заедно.
Ја излези либе колку да ти видам бело лице.