колосек
мн. колосеци
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 6077
1.
Пруга, железничка или трамвајска, оформена од две паралелни шини.
Примери:
тесен колосек
широк колосек
Слично со:
пруга (ж.)
2.
Место за пристигање и поаѓање на возовите на железничка станица.
Англиски:
platform
Албански:
platform, binar
Возот тргнува од третиот колосек.
3.
Обичен, вообичаен тек на животот, нормален тек на нешто.
Примери:
Се мачи да продолжи по нормалниот колосек на животот.
Слично со:
тек (м.)
Изрази
Влезе во колосек - во тек е на некоја активност.
Исфрли (излезе) од колосек - излезе од редовниот, нормалниот тек на животот.