колтук
мн. колтуци
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 38979
1.
Делот од раката до лактот, од долната страна.
Слично со:
мишка (ж.)
2.
Израсток меѓу стеблото и листот на тутунот.
Албански:
kolltuk duhani
Тутунот го требиме од колтук.
Тука беше сорчето за лачење колтуци од по дрвјата.
Слично со:
гранче (ср.)