а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

корито

мн. корита
Вид збор: Именка, среден род
Ранг: 3218
1. Длабок издолжен сад од дрво, лим или пластика што се користи за перење, капење или за хранење добиток.
Англиски: trough Албански: govatë, koritë
Примери:
Го искапав бебето во коритото.
2. Бетонски, каменен или од друг материјал сад за вода пред чешма, кладенец и сл.
Албански: koritë
Примери:
Изградиле корито на селската чешма.
3. Издлабено место каде што тече река; вдлабнатина исполнета со езерска или морска вода.
Англиски: bed Албански: shtrat, koritë
Употреба: Географија
Примери:
Речно корито.
Езерско корито.
Изведенки
коритце ср.
мн. коритца
дем.