коска
мн. коски
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 750
1.
Одделен тврд дел од скелетот на човек или на животно.
Употреба:
Анатомија
Примери:
клучна коска
коски на главата
2.
(само мн.) Тоа што останало од некого; посмртни останки.
Примери:
Ги закопа коските на јунаците.
3.
Внатрешниот дел од некои плодови, кој е многу тврд и ја содржи семката.
Примери:
коска од цреша
коска од слива
4.
Многу јако, многу квалитетно, многу добро изработено.
Примери:
штофот е коска
Изрази
Кожа и коски - многу слаб човек.
Коските ми (му, ѝ, ...) ги искрши - претепа некого.
Мртва коска - ковчест израсток на телото.
Ги остави коските - умре, загине некаде; го помина животот некаде.
Слонова коска - заб на слон; изработен предмет од таков заб.
Стара коска - стар, искусен човек.
Широка коска - крупен, плеќест човек.
Јазикот коски нема, ама коски крши - јазикот може многу да навреди.
Изведенки
1.
коскиче ср.
мн. коскичиња
дем.
мн. коскичиња
дем.
2.
коскиште ср.
мн. коскишта
аугм.
мн. коскишта
аугм.