кочи
кочат; кочел
Вид збор: Глагол, несвршен
Ранг: 12879
1.
Забавува, подзапира, сопира движење на нешто со кочница.
Примери:
Кочи со тракторот по долницата.
Слично со:
сопира (несв.)
2.
Сопира развој на нешто; задржува, спречува.
Примери:
Конфликтите ги кочат нормалните животни активности.
Слично со:
спречува (несв.)
3.
(се кочи) Станува вкочанет; се стврднува губејќи ја подвижноста.
Примери:
Му се кочи погледот.
Страв ме кочи.
Слично со:
вкочани (св.)
Изведенки
кочење ср.
глаг. им.
глаг. им.