а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

краси

красат
Вид збор: Глагол, несвршен
Ранг: 10886
1. Прави да изгледа убаво; дава убав изглед.
Англиски: adorn Албански: zbukuron, stolis
Примери:
Секогаш ја краси шапка на главата.
2. Се одликува со нешто добро, убаво.
Англиски: distinguish Албански: dalloj, veçoj
Примери:
Добри особини го красат овој човек.
3. (се краси) Се прави убав.
Англиски: adorn Албански: zbukuroj, stolis
Примери:
Се краси со прстени и ѓердани.
Изрази
Руба краси, руба гнаси - облеката го прави човекот.