adorn - онтологија

гизди повеќе

гиздат
Вид збор: Глагол, несвршен
(се гизди) Се кити, се дотерува.
Албански: zbukurohem, rregullohem
Примери:
Пред излегување два часа се гиздеше пред огледало.

догизди повеќе

догиздат
Вид збор: Глагол, свршен
дотера, накити, нагизди
Албански: stolis, zbukuroj
Примери:
Мајката го догизди детето.
(се догизди) се дотера, се нагизди
Албански: rregullohem, ndreqem

дотера повеќе

дотераат
Вид збор: Глагол, свршен
(се дотера) се уреди, се украси
Албански: stolis
Примери:
Таа се дотера пред огледалото.

ѓебри повеќе

ѓебрат
Вид збор: Глагол, несвршен
дотерува
Турски: gebre Албански: rregullohem, zbukuroj
Употреба: Преносно значење

закити повеќе

Види и: кити (несв.)
закитат
Вид збор: Глагол, свршен
Накити, украси со накит и сл.
Албански: zbukuron
Примери:
Свекрвата ја закити невестата со злато.
(се закити) Се накити, се украси со накит и сл.
Албански: zbukuron
Примери:
Се закити со златни ѓердани.

запоти повеќе

запотат
Вид збор: Глагол, свршен
Накити, искити куќа со зеленило, со запотка.
Албански: stolis, zbukuroj
Употреба: Дијалектен збор
Примери:
Таа ја запоти целата куќа со лескови прачки.

издотера повеќе

Види и: дотера (св.)
издотераат
Вид збор: Глагол, свршен
Облече многу убаво.
Албански: zbukuroj
Примери:
Другарките ја издотераа невестата.
(се издотера) Се облече многу убаво.
Албански: zbukuroj
Примери:
Се издотераа девојчињата како за на корзо.

изнагизди повеќе

Види и: нагизди (св.)
изнагиздат
Вид збор: Глагол, свршен
Нагизди некого многу, целосно.
Албански: stolis shumë
Примери:
Девојките ја изнагиздија невестата.

искипри повеќе

Види и: кипри (несв.)
искипрат
Вид збор: Глагол, свршен
дотера, нагизди
Примери:
Секој сака да се искипри до оној што ги открива вените на системот.

искити повеќе

искитат
Вид збор: Глагол, свршен
(се искити) се украси
Албански: rregullohem, stolisem
Примери:
Жените се искитија со накит.

исконти повеќе

исконтат
Вид збор: Глагол, свршен
Дотера, нагизди некого.
Албански: rregullohem
Употреба: Архаизам
(се исконти) се дотера
Албански: rregullohem
Употреба: Архаизам
Примери:
Многу се исконтила.

истокми повеќе

истокмат
Вид збор: Глагол, свршен
(се истокми) Се дотера, се подготви за нешто.
Албански: rregullohem, ndreqem
Примери:
Се истокми како за излегување.

кипри повеќе

(се) кипрат
Вид збор: Глагол, несвршен
Се дотерува, се гизди.
Примери:
Цел ден се кипри пред огледалото.

кити повеќе

китат
Вид збор: Глагол, несвршен
(се кити) Става на себе накит, украси.
Албански: stolisem, zbukurohem
Примери:
Hие си ги китиме косите со расцутените цутови од кајсиите.

конти повеќе

контат
Вид збор: Глагол, несвршен
гизди, дотерува
Албански: stolis
Употреба: Разговорно
Примери:
Да ја наконтиме невестава за свадбата.

краси повеќе

красат
Вид збор: Глагол, несвршен
Прави да изгледа убаво; дава убав изглед.
Албански: zbukuron, stolis
Примери:
Секогаш ја краси шапка на главата.
(се краси) Се прави убав.
Албански: zbukuroj, stolis
Примери:
Се краси со прстени и ѓердани.

лицка повеќе

лицкаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Претерано дотерува некого или нешто.
Албански: stolis tepër
Примери:
Мајка ѝ многу ја лицка.
(се лицка) се дотерува
Албански: stoliset, heshohet
Примери:
Се лицка по цел ден пред огледалото.

личи повеќе

личат
Вид збор: Глагол, несвршен
Разубавува нешто, краси, украсува.
Албански: zbukuroj
Примери:
Езерата ја личат нашата земја.

нагизди повеќе

нагиздат
Вид збор: Глагол, свршен
накити, украси
Албански: stolis
Примери:
Ја облекле, ја нагиздиле како невеста.

накити повеќе

накитат
Вид збор: Глагол, свршен
(се накити) Се украси со накит.
Албански: stolisem

наконти повеќе

наконтат
Вид збор: Глагол, свршен
Облече убаво некого.
Албански: stolis, zbukuron
Примери:
Ја наконтија невестата како што прилега.
(се наконти) Се дотера, се облече убаво, се нагизди, се накити.
Албански: zbukuron, stolis

обружа повеќе

обружаат
Вид збор: Глагол, свршен
(се обружа) Се дотера, се накити.
Албански: stolisem, dekorohem
Употреба: Архаизам
Примери:
Таа се обружа и отиде да наполни вода.

опкити повеќе

опкитат
Вид збор: Глагол, свршен
Украси, накити, искити насекаде.

поддотера повеќе

Види и: подотера (св.)
поддотераат
Вид збор: Глагол, свршен
Дотера, украси уште малку, донекаде.
Примери:
Поддотерајте ја уште малку невестата оти идат сватовите.
(се поддотера) Се дотера уште малку, донекаде.
Примери:
Девојките се поддотераа и излегоа во град.

покити повеќе

Види и: кити (несв.)
покитат
Вид збор: Глагол, свршен
Кити, накити малку или кратко време.
Примери:
Ја покитија елката.
(се покити) Се дотерува со китење малку.
Примери:
Се покити со прстењето.

поукраси повеќе

Види и: украси (св.)
поукрасат
Вид збор: Глагол, свршен
(се поукраси) Се украси, се дотера, се накити малку, донекаде.
Албански: ndreqem, zbukurohem, ujdisem

различи повеќе

различат
Вид збор: Глагол, свршен
Направи нешто да стане поубаво, поинтересно, побогато.
Албански: stolis
Примери:
Китката го различи лицето.

реди повеќе

редат
Вид збор: Глагол, несвршен
токми, гласи
Албански: saktësisht
Примери:
Ја редат како невеста.

таври повеќе

таврат
Вид збор: Глагол, несвршен
гизди, дотерува, украсува, (се) кити
Турски: tavır
Употреба: Разговорно

тафри повеќе

Види и: таври (несв.)
(се) тафрат
Вид збор: Глагол, несвршен
таври

токми повеќе

токмат
Вид збор: Глагол, несвршен
(се токми) се дотерува
Албански: stolis
Примери:
Само се кити, само се токми.

филува повеќе

филуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
краси, кити, дотерува
Албански: stolis, zbukuroj
Употреба: Преносно значење
Примери:
Тероризмот го филуваше со ласкање.