а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

крст

мн. крстови
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 887
1. Симбол на христијанската религија во облик на подолг вертикален и пократок хоризонтален крак што се сечат под прав агол.
Англиски: cross Албански: kryq
Употреба: Религија
Примери:
дрвени крстови
метален крст
2. Молитвен знак на христијаните со десната рака во облик на крст.
Англиски: cross Албански: kryqëzim
Употреба: Преносно значење , Црковен термин
Примери:
Во името на крстот.
Направи крст со раката.
3. Знак или предмет во облик на крст.
Англиски: cross Албански: kryq
4. Животно искушение, мака, страдање, тешка судбина.
Англиски: destiny Албански: fat, kësmet
Примери:
Секој го носи својот крст.
Го понесе крстот.
5. одликување, орден
Англиски: medal Албански: kryq, dekoratë
Примери:
Крст за храброст.
Доби крст поради посебни заслуги.
6. Долниот дел на 'рбетниот столб и карличните коски со кои cе вкрстува.
Англиски: back Албански: kryqëza
Употреба: Анатомија
Примери:
Чувствува болки во крстот.
Ја боли крстот.
Изрази
Бега како ѓавол од крст - се плаши, избегнува средба со некого.
Тури му крст - стави му крај (како непотребно, неважно, изгубено).
Тој е со крстот на чело - многу чесен, искрен, наивен.
Црвен крст - меѓународна хуманитарна организација за помош на болни, настрадани и ранети.
Изведенки
1. крвче ср.
мн. крвчиња
дем.
2. крсте ср.
мн. крстиња
дем.