а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

лав

мн. лавови
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 3558
1. Вид голема дива мачка со жолтеникаво крзно и голема грива кај мажјаците.
Латински: panthera leo Англиски: lion Албански: luan
Употреба: Биологија
Примери:
Лавот е цар на животните.
разјарени лавови
гривата на лавот
2. Северно соѕвездие, зодијачки знак од 23 јули до 23 август.
Англиски: Leo Албански: luan
Употреба: Астрономија
3. Храбар, смел човек.
Англиски: hero Албански: luan, hero
Употреба: Преносно значење
Примери:
Тој е вистински лав на спортскиот терен.