лаже
лажат, лажам; лажи, лажете; лажев, лажеа; лажел; лажен; лажјќи; лагав, лагаа; лагал; лаган
Вид збор: Глагол, несвршен
Ранг: 1011
1.
Кажува лаги, невистини, измислици.
Англиски:
lie
Албански:
rrej, gënjej
Лажеше за да го заштити другарот.
Слично со:
измислува (несв.)
2.
Мами, прави измами.
Англиски:
cheat
Албански:
gënjej, mashtroj
Ме лажат очиве или ова навистина се случува?
Не играј карти со него зашто секогаш лаже.
Слично со:
мами (несв.)
3.
Занимава, забавува некого.
Примери:
Лажи ги некако да им мине времето.
4.
(се лаже) Сам се убедува во некоја лага.
Албански:
rrehet
Себеси се лажеш, штом уште веруваш во тоа.
5.
(се лаже, мн.) Заемно cи кажуваат лаги, измислици.
Албански:
gënjej
Од утро до вечер се лажат и пак се заедно.
6.
(се лаже) Се мами, греши, не добива точна претстава за нешто.
Примери:
Cе лажеш во врска со тоа.
Ако не се лажам, веќе сме се сретнале.
Слично со:
греши (несв.)
7.
(се лаже) Cе занимава, се забавува.
Англиски:
distract
Албански:
mashtroj, argëtoj
Детето се лажеше со играчката и не заплака воопшто.
Слично со:
занимава (несв.)
Изрази
Ако баба лаже, трап не лаже - ако не му се верува на зборот, има цврст доказ.
Да не се лажеме - да ја кажеме вистината.
Лаже, суши - премногу лаже.
Кој лаже, тој краде - со лагата почнува криминалот.
Изведенки
лажење ср.
глаг. им.
глаг. им.