вапсаат
Вид збор: Глагол, свршен
измами, надмудри
Примери:
Еднаш ме вапсавте вие, уште еднаш ќе имате здравје.
возат
Вид збор: Глагол, несвршен
Лаже некого.
Примери:
Почнав да се правдам, да го возам.
врцкаат
Вид збор: Глагол, несвршен
дриблаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Мами, измамува некого.
Примери:
Те дриблаат како што сакаат.
заведат
Вид збор: Глагол, свршен
Измами некого.
Примери:
Него не можеа да го заведат.
Вид збор: Глагол, свршен
Задржи, завртка некого (во разговор).
Примери:
Таа го заматка стражарот со своите прашања.
извлечат
Вид збор: Глагол, свршен
Измами, изнуди парични средства или друга материјална корист.
Албански:
përfitoj, gënjej
Примери:
Таа извлече пари од стариот.
изиграат
Вид збор: Глагол, свршен
Излаже, постапи спротивно на договореното, на определен задолжителен акт.
Примери:
Тој го изигра пријателот и не му ги врати парите.
излажат
Вид збор: Глагол, свршен
Прави прељуба.
Примери:
Тој ја лажеше жената со комшивката.
измамат
Вид збор: Глагол, свршен
Се послужи со лага, измама.
Албански:
mashtroj
Употреба:
Правда
Примери:
Тие двајца го измамиле туристот продавајќи му ја двапати истата приколка.
изматкаат
Вид збор: Глагол, свршен
измами, излаже
Примери:
Ја изматкаа старата да им го препише станот.
крадат
Вид збор: Глагол, несвршен
Мами во играње со карти.
Примери:
Секогаш краде на покер.
кршкаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Не е верен, изневерува.
Примери:
Тој многу кршка во последно време.
лажат
Вид збор: Глагол, несвршен
Мами, прави измами.
Албански:
gënjej, mashtroj
Примери:
Ме лажат очиве или ова навистина се случува?
мавтаат
Вид збор: Глагол, несвршен
лаже, мами
Примери:
Немој да ме мавташ, кажи точно кај беше!
мамат
Вид збор: Глагол, несвршен
Изневерува во љубовна или брачна врска.
Примери:
Сите знаеја дека ја мами со други жени.
(се мами) се лаже
Примери:
Детето не се мамеше лесно.
мандосаат
Вид збор: Глагол, свршен
Излаже, измами некого.
Примери:
Гледај, да не те мандосаат да ти ги земат парите џабе.
(се мандоса) се излаже, се измами
Албански:
mashtrohet, gënjehet
маслосаат
Вид збор: Глагол, свршен
измами, излаже
Примери:
Додека да трепнам, ме маслоса.
Вид збор: Глагол, несвршен
лаже
Примери:
Ај, доста ме маслосуваш!
мачкаат
Вид збор: Глагол, несвршен
лаже, мами, измислува
Примери:
Тој сите ги мачкаше со неговите приказни.
мотаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Мами, лаже, доведува во забуна некого.
Примери:
Тој ја мота, не ја сака.
насолат
Вид збор: Глагол, свршен
Измами, изигра некого.
Примери:
Нѐ насоли пријателот, туку ајде да си одиме.
подлажат
Вид збор: Глагол, свршен
Лаже малку, има навика да лаже по малку.
Примери:
Тој ќе подлаже овде-онде.
Мами во некоја мера.
Примери:
Тој ја подлажал девојката со слатки ветувања.
(се подлаже) Се лаже себеси малку, во некоја мера.
Примери:
Таа се подлажа (себеси) дека сепак работите ќе се средат.
поматкаат
Вид збор: Глагол, свршен
Лаже, мами кратко време.
Примери:
Го поматка така, некое време и на крај го остави.
прејдат
Вид збор: Глагол, свршен
измами, излаже
Примери:
Го прејде, му ги зеде парите.
размоткаат
Вид збор: Глагол, свршен
Лаже, мами некого.
Примери:
Ги размотка родителите со нејзините приказни.
фарбаат
Вид збор: Глагол, несвршен
лаже, мами
Примери:
Не ме фарбај, знам дека не си спремен.
четкаат
Вид збор: Глагол, несвршен
мами, залажува
Примери:
Те четка.
шмеќаруваат
Вид збор: Глагол, несвршен
Се служи со шмеќарства, врши шмеќарства.