лачи
лачат
Вид збор: Глагол, несвршен
Ранг: 13337
1.
Произведува и испушта некаква материја или енергија.
Англиски:
excrete
Албански:
tajit, sekreton
Плунката ја лачат три пара плункови жлезди.
Надбубрежната жлезда лачи адреналин.
Лачи едно беспрекорно идилично расположение кое ѕемне од љубов.
2.
Одвојува едно од друго.
Англиски:
separate
Албански:
ndaj, separon
Овчарите ги лачат јагнињата од молзниците во мај.
Виното го лачат од комињето по четириесет дена.
Денес ќе лачиме тутун.
3.
Треби, кине вторични ластари за да не му ја земат силата на растението.
Англиски:
gather
Албански:
dlir, qëroj
Утре ќе го лачиме лозјето.
Изведенки
лачење ср.
глаг. им.
глаг. им.