леб
мн. лебови
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 422
1.
Основен прехранбен производ што се меси од брашно (пченично, пченкарно, 'ржено итн.) и потоа се пече.
Примери:
бел леб, црн леб, парче леб
домашен леб
леб и сол
Изрази
Лежи лебу да те јадам - за некој што е мрзлив.
Нема леб тука - за нешто што не е перспективно, не отвора можност за егзистенција.
Си го вади лебот - сам заработува.
Му даде парче леб во раката - го научи како да заработи, му најде работа.
Му го зеде лебот - му ја зеде работата, го остави без работа.
Работи за парче леб - за малку пари, за најосновните трошоци.
Има уште многу фурни леб да јаде - уште е млад и неискусен.
Нема леб да јаде - многу е сиромав.
Изведенки
лебец м.
(едн.)
(едн.)