лев
леви
Вид збор: Придавка
Ранг: 1032
1.
Што се наоѓа на страната на срцето, што е на спротивната страна од десната.
Примери:
Го касна оса за левата рака.
Спротивно од:
десен (прид.)
2.
Што е политички либерален, левичарски.
Слично со:
левичарски (прид.)
Изрази
Има две леви нозе - не знае да танцува.
Има две леви нозе - не го бидува за спорт.
Има две леви раце - ништо не му оди од рака, се што ќе фати излегува погрешно.
Малку е лев/лев човек - има незгоден карактер, тешко може да се разбереш со него.
Станал на лева нога - не е расположен денес.