лек
мн. лекови
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 1827
1.
Материја во форма на таблета, сируп, инјекција, маст што се користи за спречување и за совладување на определена болест.
Примери:
Лекарот му пропиша нови лекови.
Лек за скршено срце.
Лек против кашлање.
Слично со:
илач (м.)
2.
(само едн.) Тоа што помага во незгода, во непријатна тешка ситуација; спас, излез, решение.
Примери:
Отиде да го бара лекот од својот адвокат.
Изрази
Ако има век, ќе има и лек - ако му е пишано да живее долго ќе се најде лек за болеста.
Нема ни за лек - нема воопшто.
Му нема лек - нема спас, излез, нема решение за проблемот.
Тоа бил лекот - го најде решението, спасот.