Економија - категорија

лагер повеќе

мн. лагери
Вид збор: Именка, машки род
склад, магацин
Англиски: stock Албански: depo

лев повеќе

мн. левови
Вид збор: Именка, машки род
Парична единица во Република Бугарија.
Албански: lev

лежарина повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Такса за чување стока во магацин или на стовариште.
Англиски: demurrage Албански: taksë për qëndrim malli në depo

лек повеќе

мн. лекови
Вид збор: Именка, машки род
Парична единица во Република Албанија.
Албански: leku

либерализира повеќе

либерализираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Отстранува ограничувања на стока, услуги, цени и регулативи.
Англиски: liberalize Албански: liberalizoj
Примери:
Се либерализираат цените.

лизинг повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Давање под наем средства за производство со можност да бидат откупени во определен период.
Англиски: leasing Албански: qira, huazim

ликвидатор повеќе

мн. ликвидатори
Вид збор: Именка, машки род
Лице што врши пресметување и расчистување на сметките во книговодството, се до ставање во архива.
Англиски: accountant Албански: likuidues, llogaritar
Лице што врши ликвидација на движен и недвижен имот на установа, трговско претпријатие.
Англиски: bankruptcy trustee Албански: likuidues, i besuar falimentimi

ликвидација повеќе

мн. ликвидации
Вид збор: Именка, женски род
Прекратување на дејноста, на трговско претпријатие, установа, организација заради неликвидност, презадолженост итн.
Англиски: liquidation Албански: likuidim, falimentim

ликвиден повеќе

ликвидни
Вид збор: Придавка
Што може со приходите да ги покрие расходите во работењето.
Англиски: solvent Албански: likuid

ликвидира повеќе

ликвидираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Врши, извршува ликвидација на дејноста на претпријатие.
Англиски: liquidate Албански: likuidoj

ликвидност повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Раcполагање со готовина, со готови пари.
Англиски: liquidity Албански: likuiditet
Способност да се одговори на паричните обврски.
Англиски: solvency Албански: likuiditet, aftësi pagimi
Леснотија во реализацијата на плаќањата.
Англиски: liquidity Албански: likuiditet

лимит повеќе

мн. лимити
Вид збор: Именка, машки род
Граница, утврдена цена, рок, норма, план што не смее да се пречекори; ограничување воопшто што не смее да се помине.
Англиски: limit Албански: limit, kufi

лира повеќе

мн. лири
Вид збор: Именка, женски род
Парична единица во некои држави.
Турски: lira Албански: lirë

лиферант повеќе

мн. лиферанти
Вид збор: Именка, машки род
Лице што врши набавки и испорачува одредена стока (за државата, војската, за поголеми фирми).
Англиски: supplier Германски: Lieferant Албански: liferues, furnizues

лихва повеќе

(едн.) лихвата
Вид збор: Именка, женски род
Давање пари на заем со многу висока камата.
Англиски: interest Албански: lihfë, interes, kamatë
Примери:
Му даде пари со лихва.
Дополнително плаќање за неплатен навреме данок или влог.
Англиски: interest Албански: kamatë
Примери:
Задоцнетите даноци се собираат со 10% лихва.

лихвар повеќе

мн. лихвари
Вид збор: Именка, машки род
Лице што дава пари под лихва.
Англиски: money lender Албански: huadhënës, fajdexhi
Примери:
Тој беше селски трговец и лихвар.

лихвари повеќе

лихварат
Вид збор: Глагол, несвршен
Се занимава со лихварство, дава пари на заем со лихва.
Англиски: lend money

лихварство повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, среден род
Лихварска дејност, давање пари под лихва.
Англиски: money lending Албански: huadhënie
Примери:
Во тој период на сиромаштија и беда, се појави лихварство.

лиценца повеќе

мн. лиценци
Вид збор: Именка, женски род
Право на повластено користење на нешто.
Англиски: license Албански: liçensë

лиценцира повеќе

лиценцираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Дава лиценца да користи патент.
Англиски: license
Дава некому концесија да врши дејност.
Англиски: license
Примери:
домашни фирми лиценцирани за ваков вид проекти

лицитатор повеќе

мн. лицитатори
Вид збор: Именка, машки род
Лице што води лицитација.
Англиски: auctioneer

лицитација повеќе

мн. лицитации
Вид збор: Именка, женски род
Јавна продажба или давање под закуп стока со наддавање.
Англиски: auction Германски: Lizitation Албански: ankand, licitim

лицитира повеќе

лицитираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Изнесува, нуди на лицитација.
Англиски: auction

логистика повеќе

мн. логистики
Вид збор: Именка, женски род
Севкупен проток на материјали и енергија поврзани со финалниот производ во едно претпријатие.
Англиски: logistics Албански: logjistikë

лозар повеќе

мн. лозари
Вид збор: Именка, машки род
Човек што се занимава со лозарство.
Англиски: winegrower
Примери:
Лозарот ги кроеше лозниците.

лозјар повеќе

Види и: лозар (м.)
мн. лозјари
Вид збор: Именка, машки род
лозар
Англиски: winegrower

локаут повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Затворање фабрики и масовно отпуштање работници со уцена (присилување на потешки услови за работа или оневозможување на штрајк).
Англиски: lockout Албански: lokaut, mbyllje e ndërmarrjes

лон повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Работа во која сите материјали и упатството за работа се испорачани, а останува да се додаде човечкиот труд.
Германски: Lohn Албански: pagë
Примери:
Нашата текстилна индустрија работи на лон.

лонџа повеќе

мн. лонџи
Вид збор: Именка, женски род
Управа на еснафско здружение.
Англиски: guild Турски: lonca Албански: esnaf, gidë
Примери:
Отсекогаш ја почитувале управата на лонџите.

лумпенпролетер повеќе

мн. лумпенпролетери
Вид збор: Именка, машки род
Декласиран, пропаднат работник, граѓанин од најнизок слој.
Германски: Lumpenprolet
а - б - в - г - д - ѓ - е - ж - з - и - ј - к - л - м - н - о - п - р - с - т - ќ - у - ф - х - ц - ч - џ - ш