лиже
лижат; лижи, лижете; лижев, лижеа лажел; лижен; лижејќи; лижав, лижаа; лижал; лижан
Вид збор: Глагол, несвршен
Ранг: 3960
1.
Поминува, допира со јазикот по некоја површина, содржина.
Примери:
Лиже прсти.
Детето лиже сладолед.
Слично со:
вкуси (св.)
2.
Допира, опфаќа, зафаќа некаква површина (за пламен, дим).
Примери:
Пламенот немирно трепереше и го лижеше дното од котлето.
3.
Јаде малку.
Примери:
Детето само ја лиже храната, ништо не јаде.
4.
(се лиже) Поминува, допира со јазик со цел да се исчисти.
Примери:
Мачето се лижеше на скалите.
5.
(се лиже) Со употреба се троши, се истенчува, се аби.
Примери:
Чевлите (ѓонот од чевлите) ми се лижат од многу одење.
Изведенки
лижење ср.
глаг. им.
глаг. им.