долижат
Вид збор: Глагол, свршен
Заврши со лижењето.
Примери:
Детето ги долижа прстите.
залижат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да лиже.
Примери:
Тој си ги залижа усните.
(се залиже) Почне да се лиже.
Примери:
Мачката се залижа по шепите.
излижат
Вид збор: Глагол, свршен
Со лижење изеде целосно, до крај.
Примери:
Децата го излижаа сладоледот.
Со јазикот помине по некоја површина.
Примери:
Загарот му ги излижа рацете на својот господар.
лижат
Вид збор: Глагол, несвршен
Поминува, допира со јазикот по некоја површина, содржина.
Примери:
Лиже прсти.
(се лиже) Поминува, допира со јазик со цел да се исчисти.
Примери:
Мачето се лижеше на скалите.
оближат
Вид збор: Глагол, свршен
Излиже, изеде нешто со лижење.
Примери:
Детето ја оближа лажицата со мед.
Допре нешто со лижење.
Примери:
Тој ги оближа усните испукани од студот.
За пламен, чад - допре, опфати нешто.
Примери:
Пламенот ја оближа сета колиба.
(се оближе) Помине со јазикот по некој дел од телото.
Примери:
Се оближа по испуканите усни.
Вид збор: Глагол, свршен
Исчисти со јазик, излиже.
Примери:
Детенцето ја олижа устата намачкана со чоколадо.
Помине со јазик по некоја површина.
Примери:
Го олижа пликот и го залепи.
Вид збор: Глагол, свршен
Излиже малку, само донекаде.
Примери:
Децата речиси го подизлижале мармаладот од чинивчето на масата.
(се) подлизнат
Вид збор: Глагол, свршен
(се подлизне) Се лизне малку со јазикот.
Вид збор: Глагол, свршен
Лиже малку, кратко време.