а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

мавта

мавтаат; мавтам, мавташ; мавтал; мавтан
Вид збор: Глагол, несвршен
Ранг: 1840
1. Прави движења cо раката во знак на поздрав.
Англиски: wave Албански: valvitë, bën me dorë
Примери:
Кога го испраќаше, му мавташе сѐ додека не ѝ се изгуби од видот.
2. Прави движења во воздухот држејќи нешто в рака (шамиче, знаме, прачка).
Англиски: wave Албански: valvitë
Примери:
Детето мавташе со шамиче од возот.
3. Прави движење со некој дел од телото (глава, крила, опашка).
Англиски: wave Албански: tund
Употреба: Преносно значење
Примери:
Кравите мавтаа со опашките бранејќи се од муви.
4. Се фали, се прави важен со нешто (со диплома, функција, заслуга).
Англиски: wave Албански: tund
Употреба: Преносно значење , Разговорно
Примери:
Оди наоколу и мавта со дипломата.
5. лаже, мами
Англиски: cheat Албански: rrej
Примери:
Немој да ме мавташ, кажи точно кај беше!
6. (се мавта) Се ниша, се виори (на ветар).
Англиски: wave Албански: lëkund
Примери:
Спрострените алишта се мавтаа на ветрот.