мал
мали
Вид збор: Придавка
Ранг: 136
1.
Што е незначителен по размер или по количество.
Примери:
Мала куќа.
Мал имот.
Мала река.
Мал народ.
Спротивно од:
голем (прид.)
2.
Што е незначителен, на кој не му се придава важност.
Англиски:
insignificant
Албански:
i parëndësishëm
Мала работа.
Слично со:
незначителен (прид.)
Изрази
Мало стопанство - занаетчиство (во однос на големите индустриски капацитети).
Мал фудбал -(спорт.) - фудбал на помало игралиште од вообичаеното.
Мал човек - обичен човек што живее скромно од својата работа, без пошироко влијание.
Мала Богородица - христијански празник што се cлави на 21 септември во чест на раѓањето на Богородица.
Мала Мечка - соѕвездие; спротивно Голема Мечка.
Мали сипаници - заразна болест, морбили.
Мал прст - крајниот прст, спротивно на палецот.
На малиот прст не може да му се фати - помалку е вреден од некого.
Изведенки
1.
малост ж.
2.
мало прил.
малку
Пример: трговија на мало
малку
Пример: трговија на мало