млад
млади
Вид збор: Придавка
Ранг: 231
2.
За зеленчук - што не е потполно созреан.
Примери:
млад грашок
млада боранија
млад лук
Слично со:
тазе (прид.)
4.
Што настанал во скоро време, неодамна.
Англиски:
new
млада држава
Слично со:
неодамнешен (прид.)
Изрази
Млад и зелен – сѐ уште не е психички зрел.
Младо дрво се витка - децата се воспитуваат додека се мали.
Младо дрво се пресадува - млад може да се навикне на нова средина, стар многу тешко или никако.
И старо и младо - cите со ред.