а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

материја

мн. материи
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 2123
1. Тоа од што е составено физичко тело.
Англиски: matter Албански: materje
Употреба: Физика
Примери:
органска материја
неорганска материја
2. Објективна стварност што постои надвор од човековата свест и независно од неа.
Англиски: reality Албански: materje, realitet
Употреба: Филозофија
Примери:
Просторот и времето се две битни и неделиви одлики на материјата.
3. Предмет, содржина на некое научно, уметничко дело.
Англиски: subject Албански: materje
Примери:
Оваа материја ќе биде вклучена во законските акти.
4. материјал
Англиски: material Албански: material