а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

мек

меки
Вид збор: Придавка
Ранг: 991
1. Што ја менува лесно формата при притисок, удар, допир.
Англиски: soft
Примери:
меко тесто
мека глина
2. Што е пријатен за сетилата.
Англиски: pleasant
Примери:
мек глас
мека кожа
3. За време - што не е студен, остар.
Англиски: mild
Примери:
мека клима
мека зима
4. За вода - што содржи малку варовник.
Англиски: soft
Примери:
мека вода
5. Со мал процент алкохол.
Употреба: Гастрономија
Примери:
мека ракија
6. кроток, питом, добар
Англиски: tame
Употреба: Преносно значење
Примери:
Човек со меко срце.
мек човек
Изведенки
меко прил.
Пример: Меко му зборуваше.