меле
мелат; мели, мелете; мелев, мелеа; мелел; мелен; мелејќи; млев, млеа; млел; млен
Вид збор: Глагол, несвршен
Ранг: 5936
1.
Ситни, прави нешто да биде како прав, обично на машина.
Примери:
Меле месо.
Меле ореви.
Меле жито.
3.
Многу зборува, ломоти.
Примери:
Цела вечер не престана да меле глупости.
Слично со:
ломоти (несв.)
Изрази
Два остри камена не мелат брашно - двајца луѓе со остри карактери не можат да се согласуваат.
Меле како празна воденица - зборува многу, непотребно и без прекин.
Изведенки
мелење ср.
глаг. им.
глаг. им.