а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

меле

мелат; мели, мелете; мелев, мелеа; мелел; мелен; мелејќи; млев, млеа; млел; млен
Вид збор: Глагол, несвршен
Ранг: 5936
1. Ситни, прави нешто да биде како прав, обично на машина.
Англиски: grind Албански: bluaj
Примери:
Меле месо.
Меле ореви.
Меле жито.
2. Многу јаде, лапа.
Англиски: gobble Албански: bluaj, ha shumë
Употреба: Преносно значење
Примери:
Ја мелеше храната, како машина.
3. Многу зборува, ломоти.
Англиски: blabber Албански: bluaj, flet shumë, llafos
Употреба: Преносно значење
Примери:
Цела вечер не престана да меле глупости.
Изрази
Два остри камена не мелат брашно - двајца луѓе со остри карактери не можат да се согласуваат.
Меле како празна воденица - зборува многу, непотребно и без прекин.
Изведенки
мелење ср.
глаг. им.