менува
менуваат; менувал, менувале; менуван
Вид збор: Глагол, несвршен
Ранг: 774
1.
Прави да биде поинакво по содржина, по квалитет или изглед.
Англиски:
change
Албански:
ndryshoj, ndërroj
Телевизијата секој месец ја менува програмата.
2.
Употребува наизменично.
Англиски:
exchange
Албански:
ndërroj, këmbej
Зимно време ги менува гумите.
3.
Видоизменува; напушта едно во замена за друго.
Англиски:
alter
Албански:
ndërroj, ndryshoj
Менува фризури.
Менува боја.
Слично со:
промени (св.)
4.
Дава нешто во замена за друго; разменува.
Примери:
Парите ги менуваше во менувачница.
Слично со:
размени (св.)
5.
Прави измени по граматички категории: по лице, род, број и сл.
Слично со:
конјугира (св. и несв.)
6.
(се менува) Станува поинаков.
Англиски:
change
Албански:
ndërroj, shkoj
Секоја година се менуваше на полошо.