меша
мешаат; мешал
Вид збор: Глагол, несвршен
Ранг: 1561
1.
Тура, сипе (течни, cитни, издробени) нешта и ги соединува, прави смеса, мешавина.
Примери:
Домаќинката со дрвена лажица го мешаше брашното со вода.
2.
Движи некаков предмет (лажица, мешалка) низ некоја материја.
Примери:
Цели два часа го мешаа ајварот за да не загори.
Слично со:
брка (несв.)
3.
Менува ред, распоред на нешто.
Примери:
Почна да ги меша картите.
4.
Заменува, грешава поими.
Англиски:
mix up
Албански:
përziej, tollovit
Секогаш им ги мешаше имињата.
5.
Вметнува елементи од друг јазик при зборување.
Примери:
Често при зборувањето мешаше по некој англиски збор.
7.
Прави движења со телото, во танц или сл. во кое се имитираат движењата на направа при мешање.
Слично со:
танцува (несв.)
8.
(се меша) Се вклучува во нешто.
Англиски:
involve
Албански:
përzihet, involvohet
Секаде се меша.
Не мешај се во нивната караница.
Слично со:
вмеша (св.)
9.
(се меша) Се дружи со некого.
Англиски:
join
Албански:
përzihet, shoqërohet
Се мешаше меѓу луѓе.
Изрази
Меша баби и жаби - спојува нешто неспојливо.
Изведенки
мешање ср.
глаг. им.
глаг. им.