join - онтологија

влезе повеќе

влезат
Вид збор: Глагол, свршен
Стапи, се вклучи во некаква средина.
Албански: bashkohet
Примери:
Влезе во организацијата на занаетчиите.

вреди повеќе

вредат
Вид збор: Глагол, свршен
(се вреди) Се нареди, влезе во редица; се вклучи некаде.
Албански: rradhit, bashkangjit
Примери:
Се вреди во колоната, меѓу луѓето.

заортачи повеќе

Види и: ортачи (несв.)
заортачат
Вид збор: Глагол, свршен
Фати ортак, зеде некого за ортак.
Турски: ortak Албански: bashkohem
Примери:
Заортачи еден од своите другари.
Здружи имот, средства.
Албански: bashkoj
Примери:
Двајцата побратими ги заортачија нивите.

зачлени повеќе

(се) зачленат
Вид збор: Глагол, свршен
Запише некого за член во некоја организација, друштво и сл.
Албански: anëtarsoj
Примери:
Родителите без да ја прашаат ја зачленија во играорната секција.

здружи повеќе

здружат
Вид збор: Глагол, свршен
Спои, доближи едно до друго.
Албански: bashkoj
Примери:
Исправи ја раката и здружи ги прстите.

меша повеќе

мешаат
Вид збор: Глагол, несвршен
(се меша) Се дружи со некого.
Албански: përzihet, shoqërohet
Примери:
Се мешаше меѓу луѓе.

обедини повеќе

обединат
Вид збор: Глагол, свршен
(се обедини) се здружи, се сплоти
Албански: bashkoj
Примери:
Пред изборите, тие две партии се обединија во коалиција.

оди повеќе

одат
Вид збор: Глагол, несвршен
Се дружи, другарува.
Албански: shoqërohet
Примери:
Оди со двајца расипници, па и тој стана како нив.

организира повеќе

организираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
(се организира) Се здружи, се здружува, се обедини, се обединува со некаква заедничка цел, се зачлени, се зачленува во некоја организација.
Албански: bashkohet
Примери:
Тие се организирале во здруженија на граѓани како невладина организација.

ортакува повеќе

Види и: ортак (м.)
ортакуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
Работи ортачки, со деловен партнер.
Турски: ortak
Употреба: Економија
Примери:
Ортакуваа две години.

ортачи повеќе

Види и: ортакува (несв.)
ортачат
Вид збор: Глагол, несвршен
Станува ортак.
Турски: ortak
Употреба: Економија
Примери:
Тој се ортачи со турските аги и бегови.

придојде повеќе

придојдат
Вид збор: Глагол, свршен
Дојде уште некој, пристигне некој по некого, подоцна.
Албански: vjen më vonë
Примери:
Да придојдеше уште некој, не ќе имаше место за седење.

придружи повеќе

придружат
Вид збор: Глагол, свршен
Приклучи, влезе во состав на нешто.
Албански: bashkoj, bashkangjes
Примери:
Новиот закон за високо образование ги придружи институтите кон Универзитетот.
(се придружи) Влезе во состав на нешто, се приклучи некому.
Албански: bashkangjes
Примери:
Кон орото се придружија сватовите.

пријде повеќе

пријдат
Вид збор: Глагол, свршен
Премине на нечија страна.
Албански: bashkanngjes
Употреба: Ретко
Примери:
Групата се зголеми откако им пријдоа неколку нови членови.

приклучи повеќе

приклучат
Вид збор: Глагол, свршен
(се приклучи) Се присоедини, се придружи, се дополни.
Албански: bashkohem
Примери:
Тие очекуваа да им се приклучат и другите.
(се приклучи) спои, придружи
Албански: bashkohem
Примери:
Тие се приклучија на атмосферската канализација.

прикрепи повеќе

прикрепат
Вид збор: Глагол, свршен
Приклучи, придружи кон некаква организација и сл.
Албански: bashkohem
Примери:
Тие го прикрепија нивното здружение.

приопшти повеќе

приопштат
Вид збор: Глагол, свршен
(се приопшти) Се приклучи кон некаква целост, стане дел од нешто.
Албански: bashkohem, bëhet pjesë

припои повеќе

припојат
Вид збор: Глагол, свршен
Спои или приклучи.
Албански: bashkangjes
Употреба: Дијалектен збор
Примери:
Сакаат да ја припојат замјата кон Бугарија.

присоедини повеќе

присоединат
Вид збор: Глагол, свршен
Додаде нешто кон друго поголемо, влезе во состав на некоја целост, приспои.
Албански: bashkangjes
Примери:
Неколку села од таа територија ги присоединија кон новоформираната општина.
(се присоедини) Се придружи кон некого.
Албански: bashkangjes
Примери:
Таа бригада се присоедини со другите.
(се присоедини) Се придружи, прифати, се согласи си став, предлог, мислење и сл.
Албански: bashkangjes
Употреба: Преносно значење
Примери:
Се присоединивме кон нивниот предлог.

пристапи повеќе

пристапат
Вид збор: Глагол, свршен
Стапи, се присоедини кон некоја организација, стане член.
Албански: aderoj
Примери:
Тој пристапи кон новата партија.

сврзе повеќе

сврзат
Вид збор: Глагол, свршен
(се сврзе) Се зближи со некого.
Албански: lidhem, bashkohem
Употреба: Преносно значење
Примери:
Се сврзаа и веќе никој не ги разделува.

содружува повеќе

Види и: содружи (св.)
(се) содружуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
се содружи, се здружува

соортачи повеќе

Види и: заортачи (св.)
се соортачија
Вид збор: Глагол, свршен
заортачи

сортачи повеќе

сортачат
Вид збор: Глагол, свршен
Фати ортак.
Албански: bëj ortak
Употреба: Разговорно
Примери:
Ги сортачи сиромаштијата.
(се сортачи) Стане ортак со некого.
Албански: bëj ortak
Употреба: Разговорно
Примери:
Се сортачија и работата тргна.

состави повеќе

состават
Вид збор: Глагол, свршен
Приближи едно до друго.
Албански: bashkohen
Примери:
Ги составија масите и седнаа.
(се состави) се здружи, се соедини, се сврзе
Албански: bashkëshoqërohet

составува повеќе

(се) составуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
(се) состави
Примери:
(разг.) Одвај составува крај со крај.

состане повеќе

(се) состанат
Вид збор: Глагол, свршен
се соедини, се состави
Примери:
Тука ќе се состанат сите линии.

спои повеќе

спојат
Вид збор: Глагол, свршен
Сврзе едно нешто со друго со некаква спојка, закрепи.
Албански: lidh
Примери:
Ја споија зградата со нов отпорен ѕид.
(се спои) Се сврзе, се слее едно нешто со друго.
Албански: lidh
Примери:
Колосеците се споија во еден.
(се спои) Се сврзе со некои односи.
Албански: lidh
Употреба: Преносно значење
Примери:
Се споија со брак.

стапи повеќе

стапат
Вид збор: Глагол, свршен
Стане член на некоја организација.
Албански: bashkohet
Примери:
Пред пет години стапи во задругата.

тргне повеќе

тргнат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да оди постојано со некого, да се дружи со некого.
Албански: shkon, kalon
Примери:
Тргна со лоши другари.

ујдиса повеќе

ујдисаат
Вид збор: Глагол, свршен
Се здружи, како пар.
Албански: shoqërohet
Употреба: Разговорно
Примери:
Како се ујдисале двајцата, не можеш да ги разделиш.

ујдисува повеќе

Види и: ујдиса (св.)
ујдисуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
(се ујдисува) се најде
Албански: bashkoj
Употреба: Разговорно

фати повеќе

фатат
Вид збор: Глагол, свршен
(се фати) При игра, оро; застане, заигра до друг.
Албански: bashkangjit
Примери:
Се фати на оро.
(се фати) Оди, се дружи со некого.
Албански: bashkangjit
Примери:
Се фатил со него.

шурува повеќе

шуруваат
Вид збор: Глагол, несвршен
Се дружи со некого.
Употреба: Пејоратив