млеко
мн. млека
Вид збор: Именка, среден род
Ранг: 1016
1.
Бела хранлива течност од градите на жена или од животни цицачи што служи за исхрана на младите и за исхрана воопшто.
Примери:
мајчино млеко
кравјо млеко
овчо млеко
козјо млеко
2.
Растителен сок сличен на млеко.
Изрази
Кисело млеко - густо млеко што се добива со ферментација.
Мед и млеко - како во рај.
Уште мириса на млеко - уште е млад, несозреан.
Од пиле млеко - има сѐ.
Изведенки
млекце ср.
мн. млекца
дем.
мн. млекца
дем.