мота
мотаат; мотал
Вид збор: Глагол, несвршен
Ранг: 13453
1.
Обвива околу нешто (конец, тенка ткаенина).
Англиски:
wind
Албански:
mbështjell
Мота волница во клопче.
Болничарката му ја мота главата со завој.
Слично со:
обвива (несв.)
2.
Мами, лаже, доведува во забуна некого.
Примери:
Тој ја мота, не ја сака.
Мислеше дека го мотам.
Го моташе цело лето.
Не мотај го човекот.
Слично со:
мами (несв.)
3.
(се мота) се врти, се вртка, облетува
Примери:
Песот ми се мота околу нозе.
Се мота околу нејзиниот стан.
Во нивниот двор се мотаа куп деца и мачки.
Слично со:
вртка (несв.)
4.
(се мота) Тера шега со некого, се подбива.
Примери:
Cе мота тој со тебе.
Слично со:
подбива (несв.)
Изведенки
мотање ср.
глаг. им.
глаг. им.