а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

мрсен

мрсниот
Вид збор: Придавка
Ранг: 10776
1. Што содржи маст, што е подготвен со маст.
Англиски: fatty Албански: i yndyrshëm, i lyrshëm
Примери:
мрсно јадење
мрсна манџа
2. Извалкан, замачкан со маст.
Англиски: greasy Албански: i yndyrosur
Примери:
мрсни садови
мрсна престилка
Масата беше мрсна, искапана.
3. Што се однесува на масти, денови, празници во кои може да се мрси.
Употреба: Црковен термин
Примери:
Овие денови се мрсни.
4. дебел, угоен
Англиски: fat Албански: i majur, i trashë
Примери:
мрсен крмак
5. Што е изобилен, богат.
Англиски: rich Албански: i psaur
Употреба: Преносно значење
Примери:
Трпезата во нивната куќа е мрсна.
6. Што содржи масни состојки.
Англиски: fatty Албански: i lyrshëm
Примери:
мрсен крем
мрсна боја
7. Што содржи многу хранливи материи, плоден (за земја).
Англиски: fertile Албански: pjellor
Употреба: Земјоделство
Примери:
мрсни грутки земја
мрсна земја
8. непристоен, вулгарен
Англиски: indecent Албански: i pacipë, vulgar
Употреба: Преносно значење , Разговорно
Примери:
мрсен виц
мрсни приказни
мрсни песни