мрша
мн. мрши
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 5278
1.
Тело на умрено животно, умрено животно; мртво тело воопшто.
Примери:
Орли се собраа на мршата.
Касапот ги закачи закланите мрши за да го покаже убавото месо.
2.
Мртво тело на човек.
Примери:
Колата беше натоварена со човечки мрши.
Во дворот на црквата лежат мршите од мртвите селани.
Слично со:
леш (м.)
3.
човечко тело
Примери:
Тогаш се женеше неговата мрша, а сега неговата душа.
Кучињата мршата да ти ја јадат.
Воденичарот облече волнена фанела на гола мрша.
Слично со:
труп (м.)
4.
Изнемоштен, слаб човек.
Примери:
Каква мрша е, а осум деца родила.
5.
Лош човек, никаквец.
Примери:
Да ги избркаме овие мрши одовде, да не ни ја поганат земјата.
Слично со:
никаквец (м.)