мува
мн. муви
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 2819
1.
Инсект од родот двокрилци, со многу подвидови.
Примери:
Муви го лазат месото, ќе го наплукаат.
Го облетуваа роеви муви.
2.
Дисциплини (категорија) во боксот и во борењето.
Примери:
Мува категорија.
3.
Пчела, назив за одделен инсект.
Изрази
Домашна мува - Musca domestica.
Коњска мува (Hypohosca equina) - мува што го напаѓа крупниот добиток, коњите, магарињата и сл.
Му брчат муви во главата - (има) му се мешаат чудни, налудничаво мисли, идеи.
Си ја има мувата на капата - има грижа на совеста, има нечиста совест.
Како мува без глава (трча, оди, работи) -несвесно, во големо брзање, панично.
Од мува прави слон - претерува, преувеличува нешто.
Мува да прелета ќе се чуе - многу е тивко.
Мува не го лази - од ништо нема гајле, отпорен е на сите критики.
Изведенки
мувичка ж.
мн. мувички
дем.
мн. мувички
дем.