воведат
Вид збор: Глагол, свршен
Наведе некого на нешто, доведе до некаква состојба.
Примери:
Ѓаволот ги воведе во искушение и грев.
врбуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
Наговорува, настојува да придобие некого.
Примери:
Врбуваа млади луѓе да дојдат на школување.
кандардисаат
Вид збор: Глагол, свршен
Изнуди согласност, принуди, наговори некого на нешто.
кандисаат
Вид збор: Глагол, свршен
Изнуди согласност, наговори некого на нешто.
Примери:
Одвај го кандисале да се врати дома.
курдисаат
Вид збор: Глагол, свршен
организира, наговори
Примери:
Да не ги курдиса против мене?
наведат
Вид збор: Глагол, свршен
наговори, натера
Примери:
Одвај го наведе да признае.
наговорат
Вид збор: Глагол, свршен
Со зборови, со говорење поттикне некого на некаква постапка, да направи нешто.
Примери:
Го наговори брата си да ја продадат куќата.
надумаат
Вид збор: Глагол, свршен
Наговори некого.
Примери:
Ги надумав другачките твои сама да не те оставаат.
наканат
Вид збор: Глагол, свршен
Убеди некого да направи, да прифати нешто.
Примери:
Одвај го наканив да прошетаме малку.
натежнат
Вид збор: Глагол, свршен
Придобие некого со барање, со молба за нешто.
Примери:
Ти ќе му натежнеш да се согласи.
натрапат
Вид збор: Глагол, свршен
Натера некого, без да сака, да прифати (да купи да земе подарок и сл.) нешто.
Примери:
Му ја натрапи колата, божем евтино како на пријател.
Вид збор: Глагол, несвршен
Вид збор: Глагол, свршен
разнежи, наговори
Примери:
Ќе го растопи и неговото камено срце.
склонат
Вид збор: Глагол, свршен
наговори, натера
Примери:
Го склонила да отиде со нив.
убедат
Вид збор: Глагол, свршен
Наговори, натера, склони некого да направи нешто.
Примери:
Го убеди да не гради стан.
Вид збор: Глагол, несвршен
увери
Примери:
Го убедуваа да не го менува работното место.