навика
Види и:
вика (несв.)
навикаат
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 14063
1.
Со викање изнакаже многу некому (при кавга, расправија).
Примери:
Му навика сѐ што му дојде на ум.
Слично со:
изнакаже (св.)
2.
Повика, покани многумина (на гости, на свадба).
Примери:
Ги навикаа сите роднини и пријатели.
Го навикаа цело село.
Слично со:
покани (св.)
3.
(се навика) Се изназборува со викање некому.
Примери:
Му се навика и си замина.