а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

навикне

навикнат; навикни, навикнете; навикнав, навикнаа; навикнал; навикнат; навикнев, навикнеа; навикнел
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 3322
1. Добие некаков навик.
Англиски: get used Албански: mësoj
Примери:
Навикнал повеќе да слуша одошто да зборува.
2. Привикне некого на нешто.
Англиски: get used Албански: mësoj
Примери:
Ги навикна да стануваат рано.
3. Свикне, привикне на нешто, на некого.
Англиски: get used Албански: mësoj
Примери:
Навикнавме на неговите шеги.
4. (се навикне) Се свикне, се привикне на нешто, на некого.
Англиски: adapt Албански: përshtat
Примери:
Се навикна на ред.
Се навикна на него, на неговото присуство.
Очите му се навикнаа на темнината.
Се чинеше како да се навикна на болеста.
Изведенки
1. навикнува несв.
(се) навикнуваат
2. навикнување ср.
глаг. им.