навикне
навикнат; навикни, навикнете; навикнав, навикнаа; навикнал; навикнат; навикнев, навикнеа; навикнел
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 3322
1.
Добие некаков навик.
Примери:
Навикнал повеќе да слуша одошто да зборува.
Спротивно од:
одвикне (св.)
2.
Привикне некого на нешто.
Примери:
Ги навикна да стануваат рано.
3.
Свикне, привикне на нешто, на некого.
Примери:
Навикнавме на неговите шеги.
Слично со:
адаптира (св. и несв.)
4.
(се навикне) Се свикне, се привикне на нешто, на некого.
Примери:
Се навикна на ред.
Се навикна на него, на неговото присуство.
Очите му се навикнаа на темнината.
Се чинеше како да се навикна на болеста.
Слично со:
свикне (св.)
Изведенки
1.
навикнува несв.
(се) навикнуваат
(се) навикнуваат
2.
навикнување ср.
глаг. им.
глаг. им.