а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

навлече

навлечат; навлечи, навлечете; навлеков, навлекоа; навлекол, навлекле; (ќе) навлечев, (ќе) навлечеа; (ќе) навлечел; навлечен
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 4803
1. Надонесе многу со влечење или на друг начин.
Англиски: drag Албански: mbledh, tërheq
Примери:
Навлековме гранки и запаливме голем оган.
2. Со вовлекување или набрзина облече, обуе.
Англиски: put on Албански: mbath
Примери:
Ги навлече панталоните.
Навлече топли влечки.
Го навлече качкетот до уши.
Ги навлече опинците набосо и истрча.
3. Предизвика нешто непријатно, лошо.
Англиски: cause Албански: shkaktoj, sjell
Примери:
Врати им ги парите да не си навлечеш непријатности.
Ми е страв да не навлече некоја болест.
Со тоа го навлече гневот на својот раководител.
4. Создаде лоша навика, зависност.
Англиски: lure Албански: fut
Употреба: Разговорно
Примери:
Го навлече на дрога.
Изведенки
1. навлекува несв.
навлекуваат
2. навлекување ср.
глаг. им.
3. навлечува несв.
навлечуваат
4. навлечување ср.
глаг. им.