над
Вид збор: Префикс
1.
(нат- пред безвучна согласка). Глаголите со оваа претставка најчесто значат - дејство што надминува, надвишува исто такво друго дејство во однос на брзина, времетраење, квалитет, степен и сл.
Англиски:
over
надвика, надгласа, надживее
наттрча, натпее, натпие, натфрли
2.
(нат- пред безвучна согласка). Глаголите со оваа претставка најчесто значат - извршување на дејство над нешто, одозгора.
Англиски:
over
надвисне, надлета, наднесе, наткрили
3.
(нат- пред безвучна согласка). Кај именските зборови означува - објект што е продолжение или се наоѓа врз тоа што е именувано со основниот збор.
Примери:
надградба, надвозник
4.
(нат- пред безвучна согласка). Кај именските зборови означува - лице или институција од повисок ранг во однос на означеното во основата.
Примери:
надвојвода, надбискуп, надбискупија
5.
(нат- пред безвучна согласка). Кај именските зборови означува - определба дека нешто се наоѓа повисоко, погоре од нешто.
Англиски:
over
надбубрежен, надморски
надземен, надгробен
6.
(нат- пред безвучна согласка). Кај именските зборови означува - признак во определена мера.
Англиски:
over
натпросечен, натчовечки
7.
(нат- пред безвучна согласка). Кај именските зборови означува - дека нешто не зависи, не е обусловено од означеното во основата.
Англиски:
over
наднационален, натпартиски