а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

надојде

надојдат; надојди, надојдете; надојде, надојдоа; надошол, надошле; (ќе) надојдеше, (ќе) надојдеа; (ќе) надојдел; надојден
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 6691
1. Дојде, се насобере во голем број.
Англиски: swell Албански: mbledh, vjen
Примери:
Надојде народ од сите страни.
Во селото надојдоа бегалци и војници.
2. Нарасне, дотече (за води); дојде, се појави во поголема мера.
Англиски: rise Албански: rritet
Примери:
Надошле реките и ја однесле несобраната летина.
Пролетта веќе надојде.
Не знаеја од која страна ќе надојдат водите.
Одеднаш му надојде сила да се спротиви.
Му надојдоа секавични мисли.
Изведенки
1. надоаѓа несв.
надоаѓаат
2. надоаѓање ср.
глаг. им.
3. надојдува несв.
надојдуваат
4. надојдување несв.
глаг. им.