а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

наеднаш

Вид збор: Прилог
Ранг: 567
1. Одеднаш, во исто време.
Англиски: simultaneously
Примери:
Нека е со среќа, две свадби наеднаш.
Купиле две коли наеднаш.
2. Веднаш, брзо, ненадејно.
Англиски: suddenly
Примери:
Наеднаш заспа длабоко.
Излезе и наеднаш се врати.
Наеднаш сетил силна болка во градите.
Наеднаш престана да зборува.