намали
намалат; намалил
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 2655
1.
Направи нешто да биде помало, смали.
Примери:
Го намалија бројот на работниците.
Им ги намалиле платите.
Судот им ја намалил казната.
Ги намалиле цените на лебот.
2.
Стане помал, попушти, ослабне, дојде при крај.
Примери:
Денот веќе намали.
Водата во реката намалила.
Горештините намалија.
Дождот намали, ќе престане.
Намалиле болките.
Огнот намали.
3.
(се намали) се смали, се снижи
Примери:
Се намали смртноста на децата.
Изведенки
1.
намалува несв.
(се) намалуваат
(се) намалуваат
2.
намалување ср.
мн. намалувања
глаг. им.
мн. намалувања
глаг. им.