а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

наоблече

наоблечат; наоблечи, наоблечете; наоблеков, наоблекоа; наоблекол, наоблекле; (ќе) наоблечев, (ќе) наоблечеа; (ќе) наоблечел; наоблечен
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 35799
1. Облече некого добро или премногу.
Англиски: clothe Албански: vesh shumë
Примери:
Го наоблече детето и го испрати на училиште.
2. Облече повеќемина.
Англиски: clothe Албански: vesh disa
Примери:
Не можеше толку души дома ни да ги најаде ни да ги наоблече.
3. (се наоблече) Се облече добро, богато или премногу.
Англиски: dress Албански: vesh mirë
Изведенки
1. наоблечува несв.
(се) наоблечуваат
2. наоблечување ср.
глаг. им.
3. наоблекува несв.
(се) наоблекуваат
4. наоблекување ср.
глаг. им.